Парламентот на Косово се самораспушти- предвремени избори идниот месец

Парламентот на Косово денеска се самораспушти, отворајќи пат за одржување на предвремени парламентарни избори следниот месец.

Деведесет од вкупно 115 присутни пратеници гласаа за распуштање на Парламентот. Четворица беа против, а тројца воздржани.

Лидерите на сите главни политички партии во Косово се договорија оваа седмица предвремените парламентарни избори да бидат одржани на 8 јуни, наместо во ноември.

Парламентот требаше да гласа за новата армија во понеделникот. Премиерот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе биде распуштено Собранието на Косово и оти гласањето за војската на Косово и резервираните места за малцинствата, ќе останат на новиот собраниски состав. 

07.05.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега