Си се вратиле од Солун со украдено Ауди - кривична за битолчани

СВР-Битола поднесе кривични пријави против 37-годишниот К.Д.  и 39-годишниот С.Т. за криумчарење. 

Пријавените на илегален премин од Република Грција во Република Македонија, нелегално внеле патничко возило марка „Ауди Q7“, но и лап-топ, ајпад, три мобилни телефони, два рачни часовници, брош и паричник во кој имало предмети во форма на монети во вредност од околу 3 милиони денари.

Возилото и предметите биле украдени во Солун, информираат од СВР-Битола. 

06.05.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега