Надеж - поучна приказна која вреди да се прочита

Поучна приказна која вреди да се прочита. Полека си гореа четири свеќи. Беше доволно тивко за да се слушне нивниот разговор.Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме зачуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгаснам.“ Свеќата веднаш се изгасна. Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла и понатаму да горам.“ Само што ги изговори овие зборови, дувна тивок ветер и ја изгасна. Третата свеќа жалосно рече: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ Во истиот момент се изгаси. По кратко време во собата влезе едно дете. „Што е ова?“ – се запраша детето. „Требаше да горите до крај.“ Детето почна да плаче. Тогаш се огласи четвртата свеќа: „Не плаши се, сè додека горам јас, ќе можеме да ги запалиме другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

Извор: попара

06.05.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега