Несреќа во циркус - акробати паднаа од 12 метри

Хорор во Циркус. Деветмина  акробати се тешко повредени по вчерашната несреќа која се случи за време на изведувањето на циркуската претстава во американската сојузна држава Род Ајленд.

Како што соопштуваат од болницата тие се надвор од животна опасност, пренесува „Провиденс журнал“.

Жените акробати биле врзани за косите  и требало да ја изведат точката жив лустер , кога платформата паднала.

Полицијата на Род Ајленд поведе истрага за да ги утврди причините за несреќата. Oчевидците во публиката биле убедени дека паѓањето е дел од настапот на акробатките. 

05.05.2014 - 17:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа