Страотна несреќа: Со шлеперот прегазил пешак

Маж чиј идентитет е непознат, предмалку бил прегазен со шлепер и усмртен на местото на настанот. Страотната сообраќајна незгода се случила во Белград, a според неофицијалните информации се работи за постар маж кој настрадал додека претрчувал на улица, кога на него налетал шлеперот и го усмртил.

Како што неофицијално дознава српскиот Курир, на возачот пред несреќата му се слошило.

Полицијата врши увид.

05.05.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа