За една година таткото ги загуби двете деца - страшна семејна трагедија во сообраќајката кај Битола

Татко ќерка и зет загинале во автомобилот со скопски регистерски таблички, марка Тофаш во вчешраната страшна несреќа кај Лозани, битолско. Како што објавува Нова Македонија повикувајќи се на роднини на загинатите, во сообраќајната несреќа загинало буквално цело семејство. 

Во другиот автомобил марка Голф, загинаа 2 лица од прилепско Алданици. Роднините на загинатите велат дека станува збор за вистинска трагедија, бидејќи еден од загинатите прилепчани пред неполна година ја загубил сестра си која починала од струен удар, па така, неговиот татко, за помалку од една година ги загубил и двете деца. 

Официјалните причини за страшната несреќа во која загинаа 5 лица а уште двајца се потешко повредени полицијата се уште не ги соопштува. Се најавува прес конференција на пладне до кога се очекува да заврши и обдукцијата на телата. 

Нова Македонија пишува дека битолската болница е полна со роднини на загинатите кои чекаат да ги подигнат телата на своите најблиски. 

05.05.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа