Поради две лажички шеќер го избркале од работа

Во познат ресторан во Виена дошло до бизарен инцидент кој буквално заврши пред суд.

Еден од вработените келнери на пауза за ручек од продавнца купил јагоди. Тој од ресторанот „позајмил“ малку шеќер во прав, поради кој келнерот бил отпуштен од работа со објаснување дека шеќерот го зел без прашање. Келнерот се обратил во Работничката комора и случајот завршил на суд.

Одлучено било во негова корист.

Ова не е прв скандал поврзан со овој ресторан. Пред извесно време еден работник бил отпуштен бидејќи премногу се смеел.

04.05.2014 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа