Одборот за поддршка на Црвенковски: Заев оди си

Претседателот наинцијативниот одбор за поддршка на Бранко Црвенковски со писмо во медиумите побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев да си поднесе оставка. 

„Поднесувањето на оставката ќе значи најпаметното и најдоброто нешто што сте го направиле за партијата, откако сте дојдени на чело на СДСМ. Веруваме во Вашата доблест дека ќе го направите чинот на поднесување на неотповиклива оставка заедно со целокупното раководство за доброто на СДСМ и за доброто на сите лојални членови. Како Одбор за поддршка на нашиот поранешен лидер Бранко Црвенковски кој на конгресот за вашиот избор го преименувавме за Одбор на отпорот зад кој застанаа преку 32.000 членови на СДСМ, Ве информираме дека одборот повторно ќе се активира и тоа од сите краеви на Република Македонија“, се наведува во писмото потпишано од Наум Буревски.

Ова е уште еден во низата повици до Заев внатре од партијата, тој да се повлече од лидерското место.

04.05.2014 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа