Дали мажите со скапи автомобили лечат комплекси?

Недамнешно истражување спроведено во Велика Британија имаше за цел да утврди дали мажите со брзи и големи автомобили сакаат да надоместат некои други недостатоци.

 

 

Истражувањето опфати неколку стотици мажи кои поседувале скапоцени и големи автомобили. Нивна задача било да ја оценат својата “гордост” како голем, просечен или мал.

Очекувано, околу 30 отсто од нив рекле дека нивната машкост е поголема од просекот, додека поголемиот дел, поточно 63 отсто рекле дека имаат полов орган со просечна големина, додека само 7 отсто одговориле дека имаат полов орган под просекот.

Мудрите истражувачи не се осудија да донесат заклучок врз основа на нивните одговори, па ги прашаа и нивните партнерки. Тие пак одговорија сосема поинаку.

Само 12 отсто од партнерките рекле дека нивниот партнер има полов орган поголем од просечниот, 46 отсто рекле дека нивниот партнер има полов орган со просечна големина, додека дури 42 отсто рекле дека нивниот партнер има релативно мал полов орган, помал од просечниот.

Истражувачите ова прашање го поставија и на мажи кои возат просечни автомобили па увиделе дека и во овој случај мажите даваат потполно различни одговори од своите партнерки.

Без оглед на тоа што постои зрно вистина во предрасудите дека мажите кои возат скапи автомобили надокнадуваат некои други недостатоци, ова првенствено претставува доказ дека мажите се релативно неискрени кога станува збор за нивните приватни животи.

Мажите се најчесто љубоморни на оние кои можат себе си да си дозволат скап и луксузен автомобил од неколку илјади евра, па не чудат ниту гласините за поврзаноста на големината на автомобилот и машкиот полов орган. Меѓутоа, ова истражување укажа и на тоа дека некои мажи едноставно лажат без оглед на тоа каков автомобил возат.

Извор: Супермен

04.05.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа