Инцидент во автобус на ЈСП: Го тепале додека не се онесвестил

Половина час по полноќ во полициската станица Бит Пазар, млад скопјанец пријавил дека бил нападнат од група насилници.

Според податоците од полицијата, 23-годишниот А.П. пријавил дека во 00 часот и 30 минути, додека се возел во автобус на ЈСП со број 57, кој сообраќал на релација Козле-Радишани, на пешачкиот мост на улицата„Цветан Димов“, бил  физички нападнат од страна на неколку непознати лица.  Додека скопјанецот влегувал во автобусот на автобуската постројка кај  ГТЦ, се упатил према задниот дел и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат на задниот дел од автобусот, во еден момент почуствувал силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што паднал и се онесвестил. Откако се срушил на земјата, безмилосните насилници продолжиле да го удираат со клоци и тупаници во пределот на главата и телото.

Се превземаат мерки за откривање на сторителите.

04.05.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа