Како најлесно да ги препознаете сигналите кои ве повикуваат на секс

Дека зборовите не се единствен начин да се изразите и да признаете некому колку сте привлечени кон нивната појава, јасно говори и е објаснето преку низа од примери за постапки кои луѓето свесно или несвесно ги прават.

 

Кога сте сексуално возбудени, не мора тоа да го изустите на вашата партнерка за таа да знае дека е време за во кревет. Постојат различни начини на кои може да и ставите до знаење дека посакувате интимност, а тука мислиме на невербални знаци кои не се ништо помалку секси од изговорените зборови.

Токму затоа, би требало да научите да ги читате, но и да ги користите овие невербални знаци, за да знаете дека е време да тргнете во акција.

Несвесно женско заведување

Кога луѓето се приближуваат кон некоја личност која им се допаѓа, се случуваат одредени промени. Се вели дека личноста како да се подмладува, односно несвесно се обидува да остави подобар впечаток па го вовлекува стомакот, прави случајни допири, се гледа сјај во очите, а кожата се руменее.

Колку е жената подобра во невербална комуникација, толку е полесно да ја прочитате. За очите се вели дека се огледало на душата, па во нив многу лесно може да се прочитаат емоции. Заљубена или заинтересирана жена ќе го гледа мажот со голем интерес така што ќе и се прошират зениците, ќе трепка почесто од вообичаено и ќе ги подига веѓите на неколку секунди.
Уште еден од главните женски адути е и косата, но косата може да биде и голема предавничка. Жената која сака да заведе знае да ја мота својата коса околу прстот додека гледа во субјектот од интерес па потоа ја префрла косата преку рамена за прамените од косата да не го прикриваат нејзиното лице.

Оближување на усните

Во близина на мажи, женската положба на нозете ќе биде значајно широка, без оглед на тоа дали седи или стои. Ако тие седат заедно и комуницираат, жената ќе го покаже својот интерес со тоа што едната нога ќе биде подвлечена под другата и насочена кон личноста која и се допаѓа со истакнување на колената, како и повремен поглед кон бедрата. Таа ќе ги допира своите бедра, со тоа покажувајќи потреба да биде допрена.
Исто така, знаци кои упатуваат на заведување се и големата насмевка која ги прикажува горните и долните заби проследено со опуштен израз на лицето, грицкање на усните или покажувањето на јазикот, оближувањето на усните или допирањето на забите со јазикот.

04.05.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега