Шокантно тврдење: Новооткриените планети ќе го уништат човештвото!

Ендрју Снајдер  од Институтот за проучување на иднината на човештвото, тој се осврна на откривањето на планетата Кеплер, како Земјата, тврдејќи дека планетите на кои постои можност за живот би можеле да го избришат човештвото.

Откако НАСА го објави откривањето на планетата Кеплер-186F, која е 492 светлосни години далеку од Земјата, многумина  имаат свое мислење за него.

Планетата Кеплер орбитира во зоната каде што е можно постоење на течна вода, а со тоа и постоење на живот. Теорија на Ендрју Снајдер од Институтот за проучување на иднината на човештвото, е направена врз основа на концептот на "Големиот Филтер” а ја објавил во една статија на веб- сајтот.

"Големиот филтер се обиде да одговори на прашањето зошто се уште не се пронајдени вонземјани. Според концептот на "Големиот Филтер" веројатно постои некоја бариера која ги спречува интелигентните видови да доживеат експлозивна колонизација и да колонизираат други планети во нивниот систем. Овие бариери може да доведат до самоуништување.

Ендрју Снајдер вели дека отсуството на вонземски цивилизации укажува на тоа дека човештвото има тенденција да изумре.

04.05.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега