Откриени бактерии поопасни од СИДА

Научниците открија нови бактерии поопасни од смртоносната СИДА. Овие бактерии претставуваат повеќе сериозна и побрзо растечката опасност од епидемијата на СИДА во 80-тите години на минатиот век.

Антибиотиците со текот на времето стануваат беспомошни пред современите бактерии.

„Постантибиотичната ера во која воспаленијата и ситните повреди ќе убиваат, веќе  не е апокалиптична фантазија, туку сосема реална опасност за ХХI век”, тврди доктор Кеиџи Фукуда, кој е заменик генерален секретар на организацијата.

Извештајот за антимикробната отпорност се фокусира на податоци од 114 земји, а особено внимание било посветено на 7 различни видови на бактерии кои предизвикуваат дијареа, пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и гонореја.Студијата на информациите покажала дека во сите краишта на светот се набљудува отпорност на бактериите против антибиотска терапија, на начин што овој отпор постојано се зголемува.

Наводно, во последните 30 години не се создаваат континуирано нови антибиотици, иако заразите мутираат. Прекумерната употреба на овие супстанции, исто така може да доведе до отпор, бидејќи организмот се привикнува на нив и тие веќе не делуваат при лекувањето.

Светската здравствена организација советува да се намали третманот со антибиотици. Инаку перспективата е: болестите кои со децении брзо и целосно се лекувале, да станат смртоносни.

04.05.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега