Единаесет лица загинаа при уривање на мост

Најмалку 11 лица загинаа при уривање на новоизграден мост во Јужна Кина, пренесуваат американските медиуми.

Трагедијата се случила во провинцијата Гвандун.

Од под остатоците на градбата спасувачките екипи извадиле 26 лица. Пет од нив биле прогласени за мртви уште на лице место, додека во болница бие префлени уште осум лица. Од нив шестмина им подлегнале на повредите.

Мостот, што се урнал, бил изграден од жителите на неколку села. Одлуката за изградба била донесена од селските совети, но тие не ги добиле потребните дозволи за градба од надлежните органи.

Три лица се уапсени поради трагедијата. 

04.05.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега