„СДСМ со себе ја влече кон бездна цела Македонија“

Политичка дестабилизација на Македонија и вмешување на надворешен фактор кој треба да води кон протекторат. Целта е доаѓање на власт без избори, а крајната цел е директна услуга на грчката политика.

Вака политичките аналитичари ја оценуваат скриената агендата на СДСМ, со намерата за непризнавање на зиборните резултати и враќањето на пратемничките мандати.

Главниот уредник на дневниот весник, Дневник, Дарко Јаневски во својот коментар посочува дека на овој начин, Зоран Заев  директно му помага на Самарас и на грчката политика во поглед на прашањето за иемто.

- На крајот да останат само со Папуљас, Самарас, Венизелос и УСАИД. И на очигледната желба, наспроти реалноста, да фингираат криза која би завршила со закана или со одземање на кандидатскиот статус на РМ за членство во ЕУ. Мислат дека кога тоа ќе го добијат, ќе можат конечно да победат. И дека потоа ќе се договорат со Грција и ќе влезат во НАТО и во ЕУ без да го прашаат пазарџијата кому, се надеваат, ќе можат пак да му го измијат мозокот, пишува Јаневски.

Според аналитичарите заговарачите на оваа погубна политика на СДСМ, покрај Заев и Шекеринска се и Геровски и Милчин, пишува Сител.  Аналитичарите ги гледаат како директни виновници за целата политичка дестабилизација, најверојатно убедувајќи го Заев дека на овој начин ќе издејствуиваат вмешување на странците и создавање еденб вид протекторат, со што директно и пратват услуга на Грција.

Дека СДСМ оди во бездна и дека со ова аполитика и раководство на следните избори 2018 може да падне и под 200.000 посочуваат и блиските соработници на СДСМ од новинарските кругови, но и самите политички аналитичари блиски на СДСМ.

Ивор Мицковски во колумна за интернет потралот ОКНО, жетоко ја критикува политиката на актуелното раководство, порачувајќи дека Заев и шекеринска немаат поддршка меѓу парѕиската база.

- Пред една година на Заев и Радмила им одговараше да се оди на избори и да се изгуби без да се оспори резултатот и недемократските услови; сега, пак, сè додека мислеа дека ќе победат им одговараше да одат на избори, а кога сфатија дека губат одеднаш заклучија дека изборите биле нефер и недемократски и не смеело да се признаат!? Ова раководство изгуби со разлика од 200 илјади гласа, освои само 280 илјади гласови или речиси 100 илјади помалку од 2011 година. Јасен ли ви е регресот!? Па, Заев успеа да ја изгуби и една Струмица, која за време на кампањата ја продаваше како модел, како пример (заедно со Центар) дека Груевски може да се порази. Тоа што е најтажно е фактот што најмногу го изгубија, го поделија и го оддалечија токму опозицискиот електорат. Тргнувајќи од оваа реалност, власта знае со каков раштиман оркестар си има работа. Уште повеќе, гласачите на СДСМ го знаат тоа, базата денес не е резигнирана, туку е гневна кон раководството, па така, секој понатамошен потег, мора да се соочи со таа сурова реалност, вели Мицковски.

За дебаклот на СДСМ, меѓу двата круга предупредуваше и Сашо Ордановски.

Токму поради ваквата деструктивна политика, народот не ги прифаќа политиките на СДСМ, потенцираат аналитичарите.

03.05.2014 - 22:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега