Вооружен судир во Косово - двајца мртви

Две лица се убиени и двајца се повредени во вооружен судир во косовското село Милошево, во општина Обилиќ, јави Танјуг.

Инцидентот се случил синоќа, нешто по полноќ, во ресторанот „Шега“ во Милошево, потврди косовската полиција, пренесе МИА.

Полицијата трага по осомничените.

Нема информации за убиените. Двајцата повредени, сопственикот на ресторанот и неговиот син, се пренесени на лекување во Приштина.

03.05.2014 - 15:15
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега