Познат актер исфрлен од казино бидејќи мамел на карти

Познатиот холивудски актер Бен Афлек наводно бил исфрлен од казино во Лас Вегас бидејќи мамел во броење на карти.

Анонимни извори изјавиле дека Афлек во Лос Анџелес бил заедно со својата сопруга Џенифер Гарнер, за како што вели да минат повеќе време заедно пред Бен да замине на снимањето на новиот Супермен во Детроит.

Според изворот актерот наводно седел на масата каде што се играло “aјнц” кога обезбедувањето рипнало врз него.

Како што пишува табоидот Радар Онлајн на Афлек му било забрането да игра понатаму не само во тоа казино туку добил забрана да влегува и во другите казина во Лос Анцелес.

03.05.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега