"Сакав да го убијам семејството па да ги разнесам соученицте со бомба" - детенце планирало масакр

Полицијата во Минесота спречила да се случи голема трагедија. Имено, тинејџерот Џон Дејвид, сакал да наорави масакр во своето училиште, но за среќа полицијата го спречила тоа.

17-годишното момче признало на полицијата дека сакало прво да ги убие членовите на своето семејство, а потоа и соучениците. Сакал за време на паузата за ручек да влезе во училиште и да активира бомба, со која ќе ги усмрти соучениците. 

Момчето со своето однесување им станало сомнително на наставниците, па тие раскажале на неговите родители. Откако еден ден дошол на училиште со преполн ранец, при што биле пронајдени експлозиви, тој бил веднаш приведен. При претрес на неговиот дом било пронајдено и оружје. 

Засега не се знае кој е мотивот поради кој детето сакало да направи вакво грозоморно дело.

03.05.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега