Загадениот воздух го натера да се разведе од сопругата

Ванг кој живее во Пекинг поднел барање за развод откако неговата сопруга со детето, поради загадувањето на воздухот во кинеската престолнина се преселила на југот на земјата.

Тужителот тврди дека таквата врска на растојание му го уништила бракот. Тој се оженил во 2008 година и две години подоцна двојката добила син, пишува Beijing Times.

Меѓутоа, кај детето се појавиле сериозни здравствени проблеми поради загадувањето на воздухот во Пекинг, и неговата сопруга се отселила на островот Хинан во јужниот дел на Кина. Новиот дом не и’ се допаднал на сопругата, ниту сакала да води одвоен живот, па секогаш кога ќе се сретнеле избувнувале караници.

На Ванг во еден момент ми било доста од се и поднел барање за развод на бракот. „Смогот го уништи здравјето на мојот син а сега и мојот брак”, рекол.

03.05.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега