Обвинителство: Носела пресекси гаќички па поради тоа била силувана
Можеби ќе ви звучи неверојатно но оваа девојка е обвинета поради нејзината пресекси долна облека.
Сузан го пријави нејзиното силување на полицијата, чија пријава ја одбиле поради видот на долна облека која ја носела ноќта кога бил извршен злочинот.
Откако била силувана во 2012-та година, Сузан била шокирана кога открила дека нејзините Spanxгаќички се делумно виновни за отрфлање на нејзиниот случај - силување.
Британското обвинителство повеќе се концентрирало на долната облека која таа ја носела во тој момент.
Сузан со силувачот била во врска, тој и' бил момче. Таа вечер кога се случил злочинот планирале да ја поминат заедно, но по кавгата дошло до промена на планот. Момчето ја следело до нејзината куќа, ја силувало и веднаш избегало од местото на злочинот.
"Ги земавме во предвид сите околности од таа вечер, вклучувајќи ги и пораките помеѓу нив двајца пред и по инцидентот", стои во официјалното писмо кога го примила Сузан од обвинителството. "Го разгледавме и вашиот целокупен извештај за инцидентот, особено земајќи ја во предвид долната облека која сте ја носеле тој ден", стои во писмото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа