ВИДЕО: Објавена аудио снимка од разговорот меѓу пилотот на малезискиот авион и контролната кула

Меѓународниот независен истражувачки тим ќе се обиде да утврди зошто почетокот на потрагата по исчезнатиот Боинг 777 доцнела 4 часа. Поранешниот директор на малезискиот Оддел за цивилно воздухопловство, Датук Кок Со Чон се наоѓа на чело на истражувачкиот тим во кој се собрани експерти од целиот свет.

Датук Сери Хишамудин Хусен, извршителот на должноста министер за сообраќај на конференцијата за новинари изјавил дека Малезија некои работи одработила добро, но некои работи можела да ги заврши и подобро. Изјавил дека во случајот со исчезнатиот авион Air France 447 биле потребни 6 до 7 часа да се започне со потрагата и спасувањето.

Министерството за сообраќај вчера објавило прелиминарен извештај за летот "MH370" во кој се наоѓал и аудио запис од разговорот меѓу кокпитот и контролниот центар за воздушен сообраќај во Куала Лумпир. Хишамудин изјавил дека Малезија е отворена за предлози и дека никогаш не би сокрила информации кои се однесуваат на исчезнувањето на авионот.

03.05.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа