Се самоубил зошто сопругата заминала со друг - нова трагедија на Балканот

Со автоматската пушка си пукал во градите. 43 годишен професионален војник, денеска е пронајден мртов на военото стрелиште во Краљево, Србија. Според податоците од српските медиуми, се работи за Миодраг П. кој се убил во петокот наутро во воено стрелиште, бидејќи неговата жена си заминала со неговиот колега.

- Миодраг беше добар човек. Го викавме Перо. Крупен, висок човек, делуваше опасно, но имаше добра душа. Имаше повеќе бракови од кои има три деца. Последните две му се од последната жена и сите се малолетни, вели извор за српдкиот Ало.

Тој според изворот се убил бидејќи неговата сопруга си заминала со друг, и тоа негов колега.

03.05.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега