Легијата не можел да заспие од среќа - еве зошто

Милорад Улемек Легијата кој е обвинет за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, не можел да се смири од среќа откако во саботата го посетила неговата 15-годишна ќерка Николија Луковиќ, која не ја видел повеќе години, со оглед на тоа дека со својата мајка живее во Канада.

- Кога му беше јавено дека Николија доаѓа во посета, беше возбуден, нервозен и око не склопи. Не можеше да ја прегрне од стаклото меѓу нив, но беше многу среќен, вели извор за српскиот Ало.

Со оглед на тоа дека неговата ќерка слабо говори Српски, со својот татко разговарале на Англиски јазик, кој тој совршено добро го познава. Со неа разговарал за училиштето, односот со нејзината мајка, а потоа низ смеа прокоментирал дека личи на него, иако ги има очите на мајка си. И раскажал дека многу се исплашил кога од медиумите дознал дека исчезнала. 

Инаку, последен пат Легијата ја видел ќерка си пред околу седум години, откако таа се преселила со мајка и. Постојано зборувала кака сака да го види својот татко.

 

02.05.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа