Се преврте автобус - еден загинат и 14 повредени

Eден човек загина и 14 се повредени откако во италијанската провинција Ферара, се превртел хрватски автобус кој од Загреб требало да пренесе патници во Рим.

Две лица се се потешки повреди и според полицијата лекарите се борат за нивните животи.

Несреќата се случила околу два часот по локално време на 13 километар од автопатот Болоња – Падова, меѓу Ферара и Алтеда.

01.05.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа