Дрекслермаер - голем придонес за развојот на регионот

Дрекслермаер во Македонија ги почитува европските стандарди и таа треба да биде пример во регионот и пошироко. За Европа и ЕУ важна е соработката со околните земји заради стабилизација на економските односи и за отворање нови работни места, за развој и обука на стручниот персонал кој би се развивал дома и нема да се иселува, смета пратеникот во германскиот Парламент Јосип Јуратовиќ, кој денеска заедно со германскиот амбасадор во земјава Гудрун Штајнакер ја посетија фабриката кај Кавадарци.  

Од раководството бил информиран дека во моментов се вработени 4.200 работници, што според Јуратовиќ  е голем придонес за развојот на регионот.  - Јас лично потекнувам од автомобилската индустрија во која работев 22 години пред да поминам во Бундестагот. Имам одредено знаење  за тоа што се случува во оваа индустрија и се радувам што видов многу иновативни развојни нешта во производството тука, рече тој.

Поддршка за ваквите инвестиции во Македонија изрази германската амбасадорка Штајнакер, која изрази задоволство што има ваков инвеститор во Кавадарци. 

- Дрекслмаер е многу заинтересиран за соработка со месните универзитети, но во иднина, исто така, би сакале да го развиеме дуалниот систем на соработка и со германските универзитети, нагласи таа.

30.04.2014 - 15:14
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега