Центар Жупа: До 19 часот гласале над 30% од граѓаните

 Заврши гласањето во општина Центар Жупа, која припаѓа на петатта изборна единица. Гласањето помина во мирна и демократска атмосфера.

- Во општина Центар Жупа се гласаше на 16 избирачки места, а во единствениот избирачки список беа запишани 6.066 лица со право на глас. Одѕивот на гласачите до 19 часот е над 30 отсто, потврди Шефко Јусуф, претседателот на Општинската изборна комисија. 

27.04.2014 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега