Јанкулоска: Изборите поминаа мирно фер и демократски

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска истакна дека изборите поминале мирно, фер и демократски, без сериозни проблеми.

- Избирачките места се затворени, сега пристапуваме кон третата фаза, имаме доволно полициски службеници на терен кои се максимално мобилизирани, па не очекуваме нарушување на јавниот ред и мир, вели таа.

Министерката додава дека се поминало во најдобар ред.

 

27.04.2014 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега