ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не го послушаа обидот на СДСМ за изборни манипулации
Антонио Милошоски на прес-конференција истакна дека изборниот ден поминал мирно, во фер и демократска атмосфера.
- Граѓаните потврдија на дело дека знаат што е нивен и наш интерес. Изборите се без серизони инциденти и проблеми, и се најмирните избори кои се одржале до сега во Македонија, вели Милошоски и се заблагодари од името на ВМРО-ДПМНЕ за сите граѓани за нивниот успех кој е доказ за демократската зрелост на Македонија.
Според него, Македонија покажа дека е европска земја, со мирните избори. Граѓаните покажала дека се Европејци.
- Иако постоеја обиди од опозицијата и изговори за сопствениот неуспех, не успејаа бидејќи граѓаните не дозволија да бидат вовлечени во манипулации. Тие го дадоа најјасниот одговор. Одредени структури од Социјалдемократскиот сојуз го скршија молкот и ширеа тензии за недемократско однесување, без валиден доказ, факт или аргумент. Граѓаните не дозволија манипулациите да поминат и беа позрели од некои политички партии, вели тој.
Опозицијата денеска имаше два јалови обиди. Првиот е што пробаа да креираат слика за изборни нерегуларности, иако секој граѓанин од било која партија можеше да се увери во спротивното. Пробуваа преку медиуми кои го кршеа молкот да создадат лажна слика дека нешто страшно се случува, обвинуваа за притисоци без да посочат факти. Вториот обид на опозицијата е тоа што претставници на опозицијата правеа напори како притисоци врз вработените во комуналните претпријатија во Струмица, како и обиди за поткуп и притисок...но и овој обид не им успеа, вели Милошоски.
Во првиот круг опозицијата доби јасен одговор за својата понуда, а сега тој одговор ќе биде уште појасен и победата поубедлива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа