Во Битола до 17 часот гласале над 55 проценти од граѓаните
Претседателот на Oпштинската изборна комисија во Битола, Зоран Насев изјави дека до 17 часот во овој град на 170 избирачки места, 55,98 проценти гласале за кандидатите за претседател на Република Македонија, додека за листите со кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија на избори излегле и гласале 56,75 проценти од лицата запишани на Единствениот избирачки список.
- Изборниот процес во Битола и битолско, во фер и демократска атмосфера се приведува кон крај и ќе заврши во 19 часот, рече Насев.
27.04.2014 - 18:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа