Застрелала трудница бидејќи се скарале на Фејсбук
Една жена од Флорида го загубила своето дете откако била застрелана во стомакот. Во неа најверојатно пукала жена со која се скарале на Фејсбук.
Полицијата добила дојава дека две жени се скарале на улица, при што се чуло пукање. Соседите веднаш притрчале да и помогнат на бремената жена, а осомничената Вирџинија Вајс била веднаш приведена.
Жената била веднаш пренесена во болница, но за жал докторите не успеале да го спасат нејзиното бебенце.
27.04.2014 - 18:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа