Струга: До 17 часот за претседател гласале 29,13% од граѓаните

 

Во Општина Струга до 17 часот, во вториот круг од претседателските избори во Република Македонија од вкупно 58.027 граѓани со право на глас излегле 29,13 проценти.

Според информациите од Општинската изборна комисија, од вкупно 57.144 граѓани колку што се евидентирани во Единствениот избирачки список, до 17 часот, своето право на глас за предвремените парламентарни избори го дале 38,49 %

 -Изборниот ден досега тече мирно и без проблеми. До ОИК никој досега не пријавил каков било инцидент, вели претседателот на ОИК, Џенгис Хани.

27.04.2014 - 18:15
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега