Еве како тече гласањето во Прилеп до 13 часот

 

До 13 часот во Прилеп на гласање на претседателските и на парламентарните избори излегле 40 отсто од избирачите, во Крушево на претседателските 40,89 отсто, а за избор на пратеници гласале 42,17 отсто од гласачите.

Во Кривогаштани до 13 часот одѕивот за двата изборни процеса е 34 отсто, а во општина Долнени за претседателските одѕивот е 20,32 отсто, а за парламентарните 23,32 проценти.

Од општинските изборни комисии информираат дека мирно и непречено се одвива изборниот процес и во попладневните часови во сите четири општини - Прилеп, Кривогаштани, Долнени и во Крушево.

27.04.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега