Неколку трикови како да пиете алкохол а да не се опијаните

“Човекот од ТВ рекламите“ – така го викаат, или затоа што не му го знаат името, или пак, затоа што се многу пијани и не можат да му го запомнат името. Како еден од основачите на компанијата Boston beer, тој се појавува во бројни реклами за пиво, а кога ќе се појави во баровите, Џим Кох станува ѕвезда, пишува Esquire.

Џим има една фасцинантна тајна, тој може да пие цела ноќ, а да не се опијани. Многумина ја забележале оваа негова способност на фестивалите, каде сите се опијанувале, додека Џим останувал луциден и во состојба да испие многу повеќе од помладите луѓе.

Во што е неговата тајна? Одговорот е краток и прост- квасец.

“Една лажичка активен квасец за секое пиво, што планирате да го испиете, понекогаш измешан со јогурт, поради полесна консумација“, тврди Џим.

Тој вели дека трикот го научил од неговиот пријател Џо Овадес, кој е искусен во правењето на пиво, а воедно има и докторат во биохемија.

Активниот сув квасец, според Овадес,  има ензим кој може да ги раствори молекулите на алкохолот на јаглерод, водород и воздух. Тоа е истиот процес што се случува во црниот дроб кога тој го обработува алкохолот. Кога алкохолот ќе се сретне со ензимот во стомакот процесот на разградување веќе почнува, па работата на црниот дроб е олеснета. Доколку во стомакот го имаме истиот ензим, кога во него ќе стигне алкохолот, овој ензим ќе почена да го разградува пред да стигне во крвотокот и мозокот.

Но, ова само ќе го ублажи неговиот ефект и нема потполно да го елиминира.

27.04.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега