Во Вевчани излезеноста до 13 часот околу е 40 отсто

Излезеноста на гласачите во општина Вевчани на предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска  е  39,91  проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Новица Костојчиноски. 
 
На вториот круг од претседателските избори, како што појасни тој, излезеноста на граѓаните е 39,70 отсто. 
 
- Избирачките места во општина Вевчани денеска беа отворени на време, точно во 7 часот. Гласањето се одвива во најдобар ред, во мирна и демократска атмосфера, рече Костојчиноски. 
 
Во Вевчани се гласа на три избирачки места. Право на глас за избор на новиот Парламент во Република Македонија имаат 2.072 гласачи, а за претседател на државата 2.069 граѓани.

27.04.2014 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа