Во Гостиварско, поголем одѕив за парламентарните избори

Во општините Гостивар, Врапчиште,  и Маврово-Ростуше, гласањето во вториот круг за претседател и на предвремените парламентарни избори се одвива без особени забелешки, информираат од трите општински комисии.

Според првичните резултати, до 10 часот во општина Гостивар од 76.883 гласачи (втор круг претседателски) и 74.834 (парламентарни), правото на глас го искористиле 2.958 (3,85 отсто) за претседател и 4.775 (6,38%) за пратеници.

Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за претседател од запишаните 24.289 граѓани и за параламентарни 23.889 на галсање излегле 492 за претседател, а за парламентрани 1.770 граѓани.

Во Маврово-Ростуше, од запишаните 9.255 (втор круг) и 9.000 (парламентарни) својот глас го дале 511(5,41 отсто) за претседател и 524 (5,82 отсто) за пратеници.

27.04.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега