Колкава е излезеноста во Крива Паланка до 10 часот?

До 10 часот во Крива Паланка гласале 13 проценти од гласачите кои гласаат на 47 избирачки места во општината.

Според податоците од Општинската изборна комисија, за предвремените парламентарни избори во избирачкиот список се запишани 17.208 гласачи, а за претседателските избори евидентирани се 17.277 граѓани од општина Крива Паланка кои имаат право на глас.

- Сите избирачки места во општината се отворени на време, гласањето во сите 47 избирачки места започна на време, а од страна на членови на ОИК извршена е посета на 13 избирачки места, каде според информациите од членовите на избирачките одбори нема никакви неправилности во избирачкиот процес, ниту пак има забелешки од страна на набљудувачите, претставници на подносителите на листите, изјави Георге Ристовски, претседател на ОИК на Крива Паланка.

Тој соопшти дека во текот на вчерашниот ден е спороведено гласањето на болните и немоќни лица од Крива Паланка. 

27.04.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега