Гласањето се одвива мирно - еве колкава е излезеноста до 10 часот

До 10 часот на гласање на предвремените парламентарни избори гласале 166.310 граѓани или 9,52 отсто од вкупно запишани 1.780.128 избирачи, соопшти на првата прес конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.  

Одѕизвот на вториот круг од претседателските избори е 8,81 процент, односно на гласање излегле 155.136 од вкупно 1.779.572 избирачи.

Најголем одѕив има во Новаци, на парламентарните избори одѕивот е 20,49 проценти, а на претседатлските 20,68 проценти.

27.04.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега