Во Куманово до 10 часот излезеноста 14 отсто, во Липково 0,74
Во Куманово до 10 часот за вториот круг од претседателски избори излезеноста на избирачките места од Втората изборна единица е 8 отсто, додека на 18-те избирачки места во Третата изборна единица 14 проценти.
Според Виолета Арсовска, претседателка на Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово, право на глас имаат 90.560 лица, вклучувајќи ја и дијаспората, на вкупно 167 избирачки места.
Во Старо Нагоричане каде право на глас имаат 3.600 граѓани на 38 избирачки места, излезеноста за претседателските избори до 10 часот е 8,03 отсто, а за парламенатрните 9,23, информира претседателката на ОИК Тина Костовска.
Во Липково правото на глас од 23.000 граѓани на 36 избирачки места, го искористиле - за претседател 0,74 отсто и за парламентарните избори 5,52 процента.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа