Во општина Богданци гласањето се одвива во мирна атмосфера

До 10 часот на 37-те избирачки места во Гевгелиско гласале 2.281 лице што е 11,7 отсто од евидентираните 19.509 гласачи за претседателските и 19.486 гласачи за вонредните парламентарни избори.

Според претседателот на Општинската изборна комисија Ѓорѓи Чавдаров, гласањето се одвива во мирна, демократска атмосфера, без какви било нерегуларности.

Во општина Дојран излезеноста до 10 часот е 11,6 отсто. На 8-те избирачки места од евидентираните 2.776 лица правото на глас во вториот круг од претседателските избори го оствариле 322, а на вонредните парламентарни 323.

Во општина Богданци процентот на излезеност до 10 часот е 12 отсто. На 12 избирачки места гласале 842 лица за претседателските и вонредните парламентарни избори.

27.04.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега