Како тече гласањето во Кратово, Куманово и Крива Паланка

Гласањето во Кратово засега се одвива без пробелми. Од досегашните информации добиени од едно избирачко место постои интерес за гласање.

До десет часот во 27 избирачки места колку што ги има досега излегле 75 гласачи од 691 гласач на списокот односно 17,1% го оствариле своето граѓанско право. 

Излезеноста е помала од пред две недели кога изнесуваше 19,33%. 

Засега нема точен процент на излезеност во Куамново, поради најголемиот број на избирачки места, вкупно 167 99460 гласачи. 

Пред две недели во овој град до 10.00 часот процентот на излезеност изнесуваше 7,37%, додека во Крива Паланка 13 ,25% до десет часот.

27.04.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега