Индијана ја стопи предноста со Атланта во плеј-офот - Антиќ ја промаши клучната тројка (ВИДЕО)

Играчите на Индијана го изедначија резултатот на 2-2 во триумфи во првото коло од плеј-оф серијата со тимот на нашиот најдобар кошаркар Антиќ, Атланта, откако на гостинскиот паркет оствари триумф од 91:99

Токму Антиќ беше одговорен за поразот, откако Македонецот не успеа да реализира за три во последните моменти од мечот. 

Пол Џорџ со 24 поени и Дејвид Вест со 18 поени ги предводеа гостите до големиот триумф. Кај Атланта најефикасен кошаркар беше Пол Милсап со 29 постигнати поени.

На другите три ноќешни НБА дуели за разигрувањето за титулата постигнати се следниве резултати: Далас – Сан Антонио 109:108 (2-1 во победи), Шарлот – Мајами 85:98 (0-3) и Мемфис – Оклахома Сити 89:92 (2-2).

Вечерва играат Вашингтон – Чикаго (2-1 во победи), Голден Стејт – ЛА Клиперс (1-2), Бруклин – Торонто (2-1) и Портланд – Хјустон (2-1). 

27.04.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега