Во Гостиварско регуларно отворени сите избирчки места

Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион, Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, гласањето на предвремените парламентарни избори и во вториот круг за претседател, утрово започнало на сите избирачки места.

Во општина Гостивар правото на глас можат да го искористат  76.883 граѓани за вториот круг од претседателските избори и 74.834 за предвремените парламентарни избори, на 119 избирачки места.

Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за претседател гласаат 24.289 граѓани, за параламентарни 23.889 граѓани. Во Маврово-Ростуше, 9.255 граѓани во втор круг и 9.000 за парламентарни избори ќе можат да гласаат на 39 избирачки места.

Од општинските изборни комисии потврдија дека изборниот материјал е навреме доставен и дека гласањето започнало на време

27.04.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега