На овој број пријавете повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Ќе бидат отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права, а покрај лично во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви:  Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488.

- Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител. 

27.04.2014 - 08:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега