Почна да се спроведува црното изборно сценарио

Неточна информација за наводно приведување на еден градоначлник попладнево ги вознемири граѓаните. Повеќе медиуми кои важат за блиски до една политичка партија истовремено објавија дека еден градоначлник бил приведен во полиција. Полициски извори за Press24 велат дека споменатиот градоначлник ниту бил приведен, ниту пак бил повикан на разговор во полициска станица. Тие коментираат дека до сега не се случило МВР да приведе некого без при тоа да ја информира јавноста. Интересно е што според нашите информации, речи си ниту еден од медиумите кои ја објавија информацијата не се обидел да ја провери кај полициските служби. 
Добро информирани извори за Press24 велат дека една политичка партија се обидува да го спроведе црното сценарио за создавање тензична атмосфера пред изборите, а дека овој чин е само мал вовед. 

26.04.2014 - 19:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа