Средба меѓу ДИК и Централната изборна комисија на Косово

Делегација на Централната изборна комисија на Косово, која ќе ги следи утрешните претседателски и предвремени парламентарни избори во Македонија денеска ја посети Државната изборна комисија на Република Македонија.

- Разменивме мислења и споделивме искуствата за изборните правила во Македонија, како и во регионот. Централната изборна комисија на Косово не информира за реформите во нивните изборни правила, изјави членот на ДИК, Субхи Јакупи по средбата. 

Како што информираше Јакупи, претседателката и шест члена на Централната изборна комисија на Косово и техничкиот персонал имаат право да набљудуваат во сите избирачки места и во сите Општински изборни комисии. Тие ќе добијат материјал за помош при набљудувањето и беџови, издадени од ДИК.

Претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака вели дека се информирале за целокупната организација за утрешните избори во Македонија. 

Таа се надева дека ќе имаат добри искуства кои ќе ги пренесат во нивната држава и оти во Македонија ќе се спроведат фер и демократски избори.  

Јакупи, одговарајќи на новинарско прашање за гласањето на дијаспората, истакна дека сите избирачки места се отворени на време.

- Повеќе избирачи имаме пријавено во Берн, Венеција и Виена, каде добро се одвива гласањето, рече Јакупи.

26.04.2014 - 13:47
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа