Груевски: Мојот стратешки фокус е отворање на нови работни места
Еден од најголемите проблеми кои ги наследиле од СДСМ, како што посочи Груевски на митингот во Велес, била невработеноста која била со рекордни 38%, највисока невработеност не само во Македонија туку во цела Европа.
Груевски нагласи дека невработеноста не се зголемила, туку напротив ја намалиле и тоа во исклучително тешко време на светска и европска криза, за цели 10 процентни поени. Од рекордните 38% , невработеноста се намалила на 28%, која воедно е најниска во последните 17 години во Македонија.
-Сите мислеа дека невработеноста во такви времиња ќе расте, како што растеше во најголем дел од земјите во Европа, сите мислеа дека ќе растат проблемите, каматите ќе се отпуштаат вработени и од државниот и од приватниот сектор. Сите мислеа дека ќе ги намалуваме субвенциите на земјоделците, пензиите, социјалната помош, платите во јавниот сектор. Наспроти тоа, со многу внимателно одбрани чекори на економскиот тим на Владата како и на целата Влада, внимавајќи што правиме, редејќи ги работите камче по камче во тој мозаик кој беше исклучително важен во едно такво време, успеавме да отвориме 120 000 нови работни места, истакна Груевски.
Во таа насока Груевски потенцираше дека нивниот фокус е да се помогне на приватниот сектор, но и на работниците, на отварање на нови работни места.
-Му помогнавме на приватниот сектор, создадовме една од најдобрите бизнис клими во Европа. Од 94 место на ранг листата на Светската банка во 2006 година, дојдовме на 25 место според добрата бизнис клима. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, така работевме, тоа беше нашиот фокус! Тоа беше нашата концентрација да се помогне на приватните фирми за да се помогне на работниците, но и на невработените, да се вработат. Најдовме начин да не се зголемат каматите, туку напротив да се намалат, истакна Груевски.
Потсети дека во 2008 година каматите биле помеѓу 6-10 посто и дека сите викале дека каматите ќе се качат над 10-15% но со неколку чекори кои Владата ги превзела го направиле спротивното.
-Кредитната линија која ја повлековме и на која дадовме субвенционирана камата, најмногу до 5 ипол посто, не само што не се зголеми каматата туку македонските компании добија кредити. Секоја компанија која зеде кредит од било која банка се од кредитната линија која Владата ја повлече и даде субвенционирана камата. И наместо зголемување фирмите во најтешко време добија намалување на каматите. Па нормално дека ќе можат да опстанат и дека ќе можат да отворат нови рабтни места во такво време со таква поддршка на Владата, додаде тој.
Воведувањето на најниските даноци во Европа, како што посочи Груевски, е една од причините за отварање на нови работни места.
-Колку помали даноци се плаќаат на државата , толку повеќе пари остануваат во фримите и во компаниите кои тие можат да ги искористат во нови инвестиции и во отварање на нови работни места. Тоа и го правеа домашните компании и јас им честитам заради тоа! Затоа се отворија 120 000 нови работни места, истакна Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа