Димовски: Со вашиот глас се бориме за иднината на Македонија
Кандидатот за пратеник од Велес, Илија Димовски им се заблагодари на велешани за огромната поддршка која ја дадоа за актуелниот и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и истакна дека овој пат разликата ќе биде уште поголема и дека Велес целосно ќе застане зад Ѓорге Иванов и Никола Груевски.
-Почитувани сограѓани, пред 10 дена во Велес започна да се гради нова фабрика. 24 години се што слушавме во Велес беше дека се затвараат фабрики и дека се отвараат стечајни постапки, дека се бркаат луѓе од работа, истакна Димовски.
Тој потсети дека 10.000 луѓе во Велес, во 90-тите останале без работа.
-Денес во Велес се гради нова фабрика, 800 наши сограѓани одат на работа во фабриката Дрексел Маер во Кавадарци. Денес од Велес 100 наши сограѓани одат на работа во Ван Хол во индустриската зона Бунарџик и уште 100-200 одат на работа во другите фабрики во индустриската зона, истакна тој.
Димовски подвлече дека тоа единствениот пат по кој може Велес како и Македонија да исплива од тешките последици кои што ги остави СДСМ за време на транзицијата.
-Во последниот период во Велес се гради како никогаш до сега. Го завршуваме театарот за 2 месеци, се реконструира новиот мост, се изгради патот за Иванковци, на влезот на Велес се гради огромен кружен тек. Прв пат после 30 години во Велес се реконструира градскиот стадион, се гради водоснабдителен систем за Велешкото езеро, се реконструираат вентилите на браната на езерото Младост, се градат повеќе паркови, улици, истакна Димовски.
Тој додаде дека со поддршката на Владата, пратениците, локалната самоуправа, Велес конечно почнал да се развива и да расте. Димовски подвлече дека и во наредниот период ќе продолжат да работат на инфраструктурата, на создавање на услови Велес во иднина да стане еден од индустриските центри на Македонија.
Пред велешани, Димовски истакна дека пред 111 години младите велешани-Гемиџиите ја дале својата жртва и идеал за Македонија.
-Денес во 21 век ние ќе се бориме мирно и демократски, ќе се бориме европски со гласачки ливчиња. Така се бориме за Македонија на овие избори, така се бориме за претседател на државата кој што е чесен, народен, искрен и патриот. Со избирачки ливчиња ќе се бориме за 62 пратеници во Собранието, за да не можеме да бидеме условувани и уценувани од никого. Со гласање ќе се бориме Никола Груевски да биде премиер на Македонија, подвлече Димовски.
Тој додаде дека нема да дозволат да бидат уценувани ниту од надвор ниту од внатре и ги повика велешани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што веќе се гледа дека тие ќе бидат победници и на парламентарните и на претседателските избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа