Ставрески: Поддршка за работата на академијата Пандев
На денешната посета на академијата „Пандев“, носителот на листа за ИЕ4, Зоран Ставрески, потенцираше дека е голем фан на Горан Пандев и дека задно со неговата ќерка секогаш со задоволство го следат кога игра во дресот на Наполи.
За време на посетата, Ставрески се запозна со активностите и развојните планови на академијата.
-Исто така ми беа презентирани и развојните планови и мислам дека станува збор за сериозен спортски комплекс за развој на спортот и фудбалот во Струмица , но и пошироко од регионални размери. И секако како и до сега и понатаму ние како Влада ќе ја даваме поддршката за Академија „Пандев“ и за сите спортисти во Репубика Македонија со цел да создадеме подобри можности за младите лица и за оние кои што го сакаат фудбалот, истакна Ставрески.
На академијата „Пандев“ тренираат 450, а низ Македонија бројката изнесува околу 800 деца кои се обучуваат да станат фудбалери, а како што додаде Ставрески, се надева дека некои од нив ќе не претставуваат во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа