Храбра Британка им се спротивставила на напаѓачите во Лондон

Крвавото убиство во Лондон кое го потресе светот можеше да заврши уште покрваво доколку една храбра жена не го спречи убиецот да убие поголем број лица.

Жената го видела телото на британскиот војник кој бил искасапен додека била во автобус, па излегла од автобусот и започнала да разговара со напаѓачот.

- Ми рекоа дека ќе ја чекаат полицијата за да ги убијат и нив, вели Лоџо Канет. 

Инаку, Британката која е мајка на две деца додаде и дека не се плашела од исламските фанатици.

- Едеб од нив ми кажа и дека сака да започне војна со Лондон. Им одговорив само двајца сте, ќе се изгубите во војната, додава жената.

- Знам дека е ова голема работа и изгледа страшно но морав да сторам нешто. Во тој момент двете момчиња ми се видоа како обични луѓе и морав да пријдам, додава таа.

најчитано сега