Петгодишно детенце итно префрлено во Клиничкиот центар - го испокасало куче

Петгодишно девојче заврши во болница откако во гостиварската населба Фазанерија, било нападнато и искасано од куче од расата „германски овчар“. Девојчето со сериозни повреди на главата и окото откако добило прва медицинска помош во гостиварската болница префрлено е во Клиничкиот центар во Скопје. 

Настанот во полиција вчера попладне го пријавиле лекарите од Општата болница во Гостивар.

Во последниов месец ова втор случај на напад на куче врз дете во гостиварско, кој завршил со посериозни повреди. 

24.04.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега